Конор Мек Грегор ќе го направи долгоочекуваното враќање во УФЦ оваа година кога ќе се соочи со Доналд Цероне на УФЦ 246, но се чини дека 2020 година може да биде година на „Озлогласениот“.
Ако сè оди според планот.
На 18 јануари ќе го видиме Ирецот во октагонот за прв пат од крајот на октомври минатата година, кога загуби од Русинот Хабиб Нурмагомедов од УФЦ 229. Мек Грегор беше присилен да се предаде и оттогаш не го видовме во професионална борба. Сепак, престана да излегува од насловните вести, но најмногу заради неуспехот во неговиот личен живот.
Неговиот тренер за удари, Овен Роди, ги сподели плановите за поранешниот шампион. Тој беше запрашан дали се вистинити гласините за броба со Цероне, а потоа и со Хорхе Масвидал и Хабиб Нурмагомедов.
„Тоа е планот. Ова е она што сака да го стори и запаметете нешто: кога Конор вели дека сака да направи нешто, ако го направи некој, тоа е тој.
„Но, да не гледаме преку Цероне. Тој е тежок противник и ветеран со многу вештини.
„Но, ако Конор оди таму, во форма во кој е сега – тој ќе се справи со него“.
Роди е право кога вели дека засега треба да се фокусираат единствено на Цероне, бидејќи поминаа една година откако „Озлогласениот“ последен пат влезе во кафезот.
Ако Мек Грегор успее да го победи Цероне во враќањето, тогаш тие ќе се насочат кон Масвидал. И ако тој победи во таа борба, тогаш доаѓа реваншот со Хабиб, освен ако претходно не се пензионира.