Мек Грегор откри кога се враќа во акција: Сакам таа челична шипка во ногата на некого да му ја замотам околу вратот

Ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор се опоравува од тешката повреда што ја заработи на јулската пресметка против Дастин Пориер.

Големата ѕвезда на УФЦ потоа ја скрши ногата, а првите прогнози беа дека ќе паузира најмалку една година.

Но, Мек Грегор со своите објави на социјалните мрежи, снимките и фотографиите покажува дека неговото закрепнување оди многу добро и се надева на многу побрзо враќање отколку што првично предвидуваа лекарите.

Конор неодамна одговори на прашањата на обожавателите преку Твитер, откривајќи дека неговата фибула целосно зараснала, а тибијата добро напредува. Ирецот е свесен дека е потребно трпение за целосно опоравување.

„Со полни тренинзи и спаринг се враќам од април, а тогаш враќањето е неизбежно. Морам да бидам трпелив и да го преболам“, напиша Конор Мек Грегор и во свој стил одговори на прашањето дали се плаши од нова скршеница на ногата:

„Едвај чекам да ја завиткам оваа челична шипка во ногата околу вратот на некој противник. Ја одбројувам секоја секунда до можноста да го активирам тоа оружје“.’

А на прашањето каква е неговата иднина во УФЦ и дали сака да започне сопствена промоција, Мек Грегор одговори:

„Имам уште две борби во договорот. Би сакал да останам во УФЦ цел живот. Јас сум УФЦ! Ќе видиме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО