Мек Грегор остана без 10 милиона долари

Konor Mek Gregor so otvorena usta

Сопственикот на УФЦ, Лоренцо Ферита, откри колку пари требало да земе Конор Мек Грегор за борбата со Нејт Дијаз на УФЦ 200.

Да потсетиме дека Мек Грегор прво објави дека ќе се пензионира, откако одби да дојде на промоција на настанот на УФЦ и пради тоа е отстранет од јубилејниот настан. Иако Ирецот сензационално објави дека се враќа на настанот, УФЦ го демнатираше и не е познато кога Конор ќе може да се врати во октагонот. Веќе пишувавме колку ќе изгуби УФЦ финансиски со ваквата ситуација, а нема да биде безболно ниту за Ирскиот борец.

Судискиот УФЦ ветеран Џон Мек Карти откри детали кои ги дознал од Лоренцо Ферита: „Зборував со него на УФЦ 197. Тој ми рече:. Никогаш не мислев дека ќе имам проблеми со борец на кого му гарантирам 10 милиони долари“.

„Ако не мислете дека 10 милиони долари се многу пари за една борба, тогаш сте луди. Тоа се пари кои може да го променат животот. Ова е покер. Мек Грегор изгуби. Оние 10 милиони следниот пат кога ќе се бори нема да бидат 10, бидејќи тоа нема да биде УФЦ 200“, рече Мек Карти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON