Мек Грегор објави: Ќе се борам со Чендлер на УФЦ во Белата куќа

Конор Мек Грегор ја изложи својата позиција. Додека поранешниот двократен шампион на УФЦ се подготвува да се врати да се натпреварува за прв пат по повеќе од четири години, веќе го именуваше Мајкл Чендлер како противник со кој очекува да се соочи на борената карта на УФЦ во Белата куќа во 2026 година. Мек Грегор го објави ова за време на гостувањето во „Фокс & френдс“.
„Мек е возбуден што сигурно се враќа. Јас сум на борбената карта на Белата куќа“, рече Мек Грегор. „Тоа сум јас. Мајкл Чендлер. Мајкл Чендлер и јас го направивме шоуто на „Ултимејт фајтер“, имавме добра размена. Тој е добар, жилав човек“.
Иако Мек Грегор изгледа самоуверен, извршниот директор на УФЦ, Дана Вајт, постојано изјавува дека не планира да прави никакви борби за настанот на УФЦ во Белата куќа до февруари следната година. Сепак, Вајт призна дека е во постојан контакт со Мек Грегор, а ирската суперѕвезда изгледа многу сериозна во врска со неговото долгоочекувано враќање на историската карта.
Мек Грегор не се борел откако ја скрши нога во неговата трилогиска борба против Дастин Пориер. Тој и Чендлер беа тренери на Ултимејт фајтер и требаше да се сретнат во јуни 2024 година, но Мек Грегор на тренинг го скршни прстот на ногата, поради што борбата беше откажана. Борбата не е презакажана, но тоа може да се промени сега кога Мек Грегор се чини дека е решен да се бори на УФЦ картата во Белата куќа.



