Мек Грегор: Нема сомневање дека ќе го победам Мејведер во реваншот, бидејќи сега знам како!

Мислевме дека приказната околу бокс мечот меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор е завршена, но некако постојано се „вади нешто од нафталин“, како двајцата славни борци да го испитуваат теренот дали боречката јавност е заинтересирана за реванш или не.

Во вторникот се огласи Мејведер со чудна изјава во која практично се вели дека „му попуштав на Мек Грегор за се да изгледа поубедливо“, а денес повторно можеме да прочитаме изјави на УФЦ шампионот кој смета дека во реванш тој би бил тој кој ќе слави.

Во интервјуто за БиБиСи, Ирацеот прво се присети на првиот меч…

„Така е, како е … Изгубив. Тој е тактички гениј. Три пати ја промени тактиката за мене, а тоа е знак на вистинскиот шампион. На крајот се одлучи на мексиканскиот стил… Рацете ги крена горе, тупаниците ги постави над веѓите, се спушти и тргна напред. Тоа е грд боксерски стил. Но, ако успеа дури три пати да ја промени тактиката, тоа е знак за вистински шампион. Ме победи и секоја чест“, тврди УФЦ шампионот кој се уште не е јасно не рекол се враќа во октагонот.

Се разбира, беше прашан за можниот реванш, кој од денешна перспектива, не изгледа атрактивно, но ако тоа навистина се случи, најверојатно, ќе биде голем успех.

„За да се случи реваншот, би направаил некои прилагодувања. Би довел потешки спаринг партнери, би направил повеќе рунди, а тие спаринг партнери би ме притискале повеќе. На моите спаринзи пред мене имав брзи, агилни, лесни боксери. Боксери кои најчесто се движеа наназад. Затоа што така се бори Мејведер. Но, успеа да ме измами и затоа изгубив“.

„Да добијам шанса за реванш, то аќе го поправам и ќе го победам. Тој е во пензија. Затоа и не сакам да го прозивам, бидејќи станува збор за пензиониран боксер. И затоа ќе го  пуштам да остане во пензија. Може и да се случи реванш. Кој знае? Но би го победил без сомнение … „заклучува“ Озлогласениот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО