Мек Грегор: Не смеам да тргнам по патот на борец кој има сè и ќе упропасти сè!

Конор Мек Грегор се огласи откако во јаноста протече неговиот последен скандал.

Поранешниот првак на УФЦ во две тежински категории во април во дабилски паб удри човек само затоа што одби да го пие од неговото всики Пропер 12.

„Погрешив. Тој човек заслужи да ужива во времето поминато во пабот, а не да заврши на таков начин“, изјави 31-годишниот Ирец за ЕСПН.

„Морам да застанм пред вас и да ја прифатам одговорноста. Им го должам тоа на луѓето кои ме поддржуваат. И го должам тоа на мајка ми, на татко ми, на моето семејство, тоа и го должам на луѓето кои ме учеа боречки вештини. Тоа не сум јас. Тоа не е причината поради која почнав да ги учам боречките вештини и боречки спортови. Причината поради која почнав да се знаимавам со боречки вештини е да се одбранам во случај на такво сценарио “.

ЕСПН објави дека случајот го истражува ирската полиција. Жртвата на Мек Грегор за ирскиот „Дејли Стар“ изјави дека една недела чуствувал болка. Мажот го опиша Мек Грегор како „богат насилник“.

„Што и да ме чека, ќе се соочам со тоа. Сè што ми следи, го заслужив. Мема да се кријам од тоа, но ќе прифатам сè што следи. Тоа беше тотално неприфатливо однесување за некоја личност во мојата позиција”.

„Морам да престанам да реагирам на провокации. Луѓето се обидуваат да ме испровоцираат. Не смеам да реагирам на мамка. Дали сум риба или кит? Морам да бидам смирен, морам да бидам зен. Морам да се водам според сопствениот пример. Толку многу луѓе се угледаа на мене. Како можев така да регаирам? Морам да го контролирам и напорно да работам на тоа“.

„Не смеам да тргнам по тој познат пат, клишето на борец кој има сè и ќе упропасти сè . Морам да бидам свесен за моето минато, за минатото на другите личности, да учам од тоа и да растам и тоа е она што го правам сега“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON