Мек Грегор: Не сакав да тргнам по патот на Мајк Тајсон, а можеби малку и бев на тој пат

Конор Мек Грегор во изминатата година беше обвинет за два сексуални напади.

Ова се најсериозните обвинувања во серијата насилни дејства што ги изврши во последните неколку години – од удирање на постар човек во паб, предизвикување немири на настанот на „Белатор“, напад на автобус со борци во пресрет на УФЦ настанот во Њујорк, до разбивање на мобилен телефон на човек кој сакаше да се фотографира со него во Мајами.

Пред борбата со Доналд Цероне овој викенд на УФЦ 246 во Лас Вегас ги отфрли обвиненијата за сексуален напад.

Но, 31-годишниот поранешен шампион во две тежински категории е без победа од ноември 2016 година и во пресрет на неговото враќање на теренот, не можеше да избегне да прави споредби со падот на боксерската кариера на Мајк Тајсон по напуштањето на затворот. Најмладиот светски шампион во тешка категорија во 1992 година беше осуден за силување и помина три години зад решетки.

„Озлогласениот“ призна дека му се ќинело дека може да тргне по тој пат, но уверува дека сето тоа е зад него.

„Мајк Тајсон дефинитивно имаше свои подеми и падови и неговото располагање со пари го стави донекаде во позиција каде што не треба да биде. Но, ако го погледнете Мајк сега, има пари, има своја работа со трева, добро се грижи за себе. Ното, да, не сакам да одам по тој пат“, изјави Ирец за „Севере ММА“.

„Не сакав да тргнам по тој пат, а можеби и бев малку на тој пат, но само се слушав себеси, слушав блиски луѓе што ги почитувам и се помирив со некои работи“.

„Знаев што треба да правам и што не треба да правам. Се слушав себеси и ги следев моите заповеди и тоа ме направи подобра личност, едноставно ме направи подобра личност. Сега сум многу подобар “.

Мек Грегор се здоби со светска слава и богатството го стекна во бокс мечот со Флојд Мејведер во 2017 година. Го лансираше и своето виски „Пропер дванаесет“ и се зборува дека заради толкава слава и богатство станал опкружен со послушници кои само климаат со главата.

„Тоа се глупости. Слушам како луѓе се обидуваат да ја свртат приказната. Само велам. Таквите приказни што некои луѓе ги ширеа ме нервираа и поради такви работи знаев да реагирам и да се лутам. Недостаток на почит … Тоа е бесмислено. Тие луѓе не знаат што заборуваат. Како воопшто се осмелуваат да кажат дека луѓето во мојот камп се послушници? “

„Луѓето во мојот камп се всушност мајстори, врвни тактичари на сите полиња. Во мојот камп се најдобри меѓу луѓето. Тоа се глупости, па затоа престанав да внимавам на тоа. Верувајте ми дека тоа не се луѓе кои само климаат со главата. Ние сме заедно на ова патување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON