Конор Мек Грегор се соочува со сериозни проблеми. Против борецот е покренато обвинение за напад на постар човек. Инцидентот се случил пред околу два месеци, а видео од инцидентот се појави на социјалните мрежи и предизвикаа вистинска бура од реакции.
Сега Мек Грегор ќе треба да се појави на суд на 11 октомври, а во најлош случај може да помине во затвор 6 месеци и да плати казна од 1.500 евра, што е максимална можна казна за вакво дело.
На видеото се гледа како Мек Грегор се обидува да го натера лицето кое седи до него да пие виски од неговиот бренд. Мажот одбива и веднаш добива дар во лицето, а луѓето во локалот се видно шокирани од тоа што се случи.
Конор се обидел да ја среди ситуацијата со извинување, но тешко дека ќе помине само со тоа.
– Навистина не е важно што се случило. Едноставно згрешив, изјави пред одреден период борецот.
Сепак, ова не е прв хулигански чин од страна на Ирецот, кој повеќе неколку пати бил вмешан во скандали. Па така овој пат можеби и нема да се спаси од неколку месеци зад решетки.