Ларкин го победи Корешков, Џо Шилинг нокаутиран (ВИДЕО)

Белатор 229 се одржа во Темекула, Калифорнија.

Во главната борба на вечерта, Лоренц Ларкин (21-7-1НЦ) со поделена одлука (29-28, 29-28, 28-29) го совлада поранешниот шампион во велтер Андреј Корешков (22-3).

 Корешков го собори 33-годишниот Американец во првата рунда со удар од свртување. 33-годишниот Американец успеа да се извлече, а во следната рунда тој скоро го нокаутира Русинот откако го соборуваше со колено. Во третата Корешков го рушеше противникот, а Ларкин го фаќа во гилотина. Поранешниот шампион на Белатор успеа да се извлече и да се најде во доминантна позиција, но не успеа да го искористи тоа.

Ларкин ја почна кариерата во Белатор со два порази, а сега нанижа три победи. Ги победи Роби Лоулер и Хорхе Масвидал во УФЦ.

Поранешниот борец на Глори, Џо Шилинг (4-6) загуби со нокаут во третата рунда од Тони Џонсон (9-2).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО