Мек Грегор му порача на славниот ирски произведувач на виски Џејмсон: Доаѓам да го преземам пазарот! (ФОТО)

Според гласините кои може да се слушнат во боречки кругови, Конор Мек Грегор е сериозно дал на тренинзи и никогаш пожестоко не се подготвувал за еден меч, како за овој против Хабиб Нурмагомедов.

Очигледно е дека Озлогласениот му недостасувала салата, бидејќи, според инсајдер, секојдневно дава се од себе. Но, во исто време Ирецот не ја заборавил својата смисла за бизнис, кој и го вивна толку брзо на престолот на боречката ММА сцена.

Па така во последната објава на Инстаграм потсети дека не се откажува од својот делевен потфат – сопствен бренд на виски! Секако, најави битка со светски популарниот произведувач на виски од Ирска – Џејмсон!

„Работам многу напорно на мојата дестилерија за виски. Според мое мислење, тоа ќе биде најдобра дестилерија на виски што ја имаме на овој прекрасен остров. Имаме најчисто тло, имаме најсвежа изворска вода, ги имаме нашите златни ирски полиња, а вискито е толку златно што треба да се носите очила за сонце за да погледне директно во него“, стои во пораката на Мек Грегор со која објави и „олд скул“ фотографија.

„Го почитувам Џејмсон, сегашниот број 1. Но доаѓам силно, доаѓам со страст за оваа работа, доѓам да го преземам овој бизнис. Зедов 77 хектари од најдобрата ирска почва и за сега создавам невиден квалитетен ирски виски. Ќе произведуваме исклучиво течно злато. Тоа ќе биде совршено течно злато“, додава поранешниот шампион на УФЦ.

Во продолжение на подолгата објава се присетува и на неговиот дедо, за кого вели дека еби бил горд на него.

„Знам дека дедо ми ме гледа од небото и дека би бил горд со мојата креација. Би сакал да ми каже какво е моето виски. Тој беше пасиониран љубител на вискито. Сакаше виски повеќе отколку што сакаше доручек и знам дека би го сакал и моето. Еден ден повторно ќе серетнеме дедо…“, ја заклучува својата обајва.

Многу се смееја кога Мек Грегор најави „презимање“ на УФЦ, на многумина тоа и беше многу смешно кога рече дека ќе се бори против Мејведер и ќе заработи 100 милиони американски долари … поради тоа сега малку кој се смее кога најави дека ќе стане број еден во производство на виски во Ирска. Она што Мек Грегор ќе го науми, обично и го остварува…

https://www.instagram.com/p/Bm8vBB_AjSo/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО