Мек Грегор му одговори на Мејведер за „среќното пензионирање“ (ФОТО)

Конор Мек Грегор пристигна во Лас Вегас каде што мора да заврши некои „ситници“, за да се обезбеди суперборба со непоразениот боксер Флојд Мејведер.

Мејведер вчера ги демантираше гласините за Ирскиот сан, според кои тој и Ирецот веќе постигнале договор околу финансиските услови велејќи дека „не е постигнат договор за борба со кој било борец“ и додаде дека е „среќно пензиониран и ужива во животот“.

Мек Грегор од Вегас му одговори на изјавата на Мејведер објавувајќи на фотографија од себе на престолот со порака:

„Во Лас Вегас сум. Флојд се пензинира по моето доаѓање“.

https://www.instagram.com/p/BQg-JlnhnaB/?taken-by=thenotoriousmma

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON