Конор Мекгрегор не разочара во боксерското деби.
Му пружи храбар отпор на Флојд Мејведер, а во поразот со технички нокаут покажа дека има боксерско знаење.
По низата неодговорни удари во 10-тата рунда судијата Роберт Бирд ја запре борбата. Ноториус не сакаше судијата да го спасува.
„Дозволете ми да паднам, нека му собори. Здрман и исцрпен? Со чиста глава сум. Пуштетеме да се довлечкам до мојот агол. Мислам дека борбата е прекината прерано. Бев малку уморен. Тој беше поспокоен. Тоа ви доаѓа со 50 борби. Бев загушен во живо на телевизискиот пренос, ќе се вратам после ова“, рече УФЦ шампионот по мечот.
„Мислам дека приличмо лесно ги добив почетните рунди. Тој е мирен. Не е толку брз, не е толку силен, но баш е смирен. Вечерва го претворив во Мексиканец, се бореше како Мексиканец”.
Во моментот на прекинот на борбата Мејведер имаше убедливо водство на судските картички – 89-81, 87-83, 89-82.
Сите тројца првата рунда му ја доделија на Ирецот.