Мејведер: Ви реков! (ВИДЕО)

Флојд Мејведер рекордниот сооднос на победи и порази од 50-0 го прослави во Лас Вегас за кој исклучиво се бореше од 2006 година.

40-годишниот Американец се врати од пензија за да се бори со шампионот на УФЦ, Конор Мек Грегор. Славеше со технички нокаут во 10-тата рунда, а по победата изјави дека ова му е дефинитивно последниот меч.

Пред да замине му оддаде признание на противникот.

„Го избрав вистинскиот партнер за последниот танц … ова е мојата последна битка“.

„Многу подобро отколку што мислев … тој се користеше различни агли, но бев подобар. Планот беше да си купиме време, да го пуштиме да ги испука сите тешки удари и по пат да го завршам. Тој е цврст борец и мислам дека на навивачите и го дадовме она што сакаа да го видат“.

„Ви реков. Ви гарантирав дека оваа борба нема да оди до крајот“, рече Мејведер по победата.

„Победата си е победа, без разлика на тоа како ќе стигнете до неа. Роки Марчијано е легенда и се радувам на влезот во Куќата на славните“.

Ова му е прва победа со прекин од септември 2011 година, кога на контроверзен начин го нокаутира Виктор Ортиз.

https://youtu.be/rg7dxFpkElc

https://youtu.be/dKHjbJt2aHo

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО