Мек Грегор: Леброн Џејмс ме инспирира да иневстирам во себе

Конор Мек Грегор сега е фокусиран на инвестирање во себе. Големата ѕвезда на боречките спортови одлучи дека е време да направи драстична промена во неговиот начин на живот и во неговите перцепции. Озлогалсениот вели дека веќе нема да се интересира од најскапите предмети, туку ќе троши на себе и своето здравје, за да си ја врати формата. Мек Грегор одлучи да ја направи оваа промена откако најде инспирација во легендата Леброн Џејмс.

„Почнав да правам големи пари кон на крајот на моите 20-ти и бев заслепен од скапи и материјални работи. Купував автомобили и часовници, но ќе го променам тоа. Сфатив дека трошев пари за материјални работи, а не за себе. Ова целосно ќе го сменам. Разбирам дека Леброн Џејмс сам троши 1,5 милиони годишно.

Терапии, масажи, нутриционисти, тренери и сл. Го видов тоа и реков, човек не трошам ништо за себе. Во таков спорт како ММА не можете да го направите тоа. Не само во ММА, туку и во секој спорт. Треба да си дадеш сè и тогаш тој спорт ќе стане твој.

 Имав пад во мотивацијата и посветеноста. Но, сега сум свесен за себе. Сега моите нутриционисти, лекари и тренери патуваат со мене насекаде. Имам тим зад мојот грб и мора да бидеме во форма“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО