Денови пред големиот настан УФЦ 205 во Њујорк, Конор Мек Грегор потсети дека тој е човекот кој одлучува што ќе се случува.
Против Еди Алварез Мек Грегор може да стане првиот борец во УФЦ кој истовремено држел две титули. Тој одговори и на шпекулациите дека може да биде принуден да се откаже од појасот во перо категоријата ако стане шампион во лесна категорија.
„Слушајте, сите во оваа игра го прават она што ќе им се нареди. Сите, освен мене, бидејќи јас управувам со работите. Не ми е гајле за ништо од тоа. Јас сум единствениот кој може да каже што и да е за што и да е. Сите прават она што ќе им се нареди, и правилно“.
„Јас управувам со сето ова еб.но нешто. Јас управувам со Њујорк. Јас сум причината поради која воопшто сме тука сега. Јас сум причината поради која сето ова се случува. Ако не бев тука, целиот брод ќе потонеше. Тоа е вистината. Тоа се фактите. Нема никој друг тука. Никој, освен мене“.
Мек Грегор ги коментираше и гласините дека ќе се одмора по УФЦ 205.
„Го сакам сето ова и не застанувам. Тоа е се што знам да правам. Не правам ништо друго. Продолжувам да се борам, продолжувам да ги држам овие неверојатни настани за неверојатните фанови на овој спорт. Не само што не сум уморен од сето тоа, но и станувам подобар“.
“Имам многу повеќе контрола над сè. Контролирам апсолутно сè во животот. Продолжи да станувам подобар во се. Не само во однос на вештините ми, не само кај кардио ми, не само кај исхраната ми. Во сè. Во секој аспект од мојот живот. Бизнис, медиуми – сè. Станувам подобар со секој нареден ден. “