Ердал Факиќ: Тројца самбо репрезентативци ќе настапат на СП во Софија

sambo reprezentacija vo Kazablanka

Македонија ќе настапи со тројца натпреварувачи на Светското првенство за сениори од 10 до 14 ноември во Софија, Бугарија, и тоа: Ристо Димитров, Александар Петковски и Амра Фејзула.

Димитров (-68 кг) и Петковски (100 кг) ќе настапат во комбат самбо, а Фејзула (-60 кг) во спорт самбо.

Репрезентацијата ја предводи претседателот на Македонската самбо федерација, Ердал Факиќ, кој ќе учествува на Конгресот на Свестката самбо федерацаја –ФИАС, како и тренерот Џемаил Идризи.

aki-petkovski-berane-2016

„Очекуваме добри резултати во нашето трето учество на светските првенства по настапите во Јапонија и Мароко. Добро се подготвени, а на мали повреди се жалат Петковски и Фејзула, кои до почетокот на СП ќе бидат санирани. Добро е што немаме проблеми со килажата, посебно тоа се однесува на Димитров од кого очекуваме многу, па и медал, иако конкуренцијата е исклучително силна“, изјави за Ipon.mk претседателот на МСФ, Ердал Факиќ.

amra fejzula

Тој истакнува дека на Конгресот ќе побара Македонија да биде организатор на Европското првенство за сениори во 2018 година.

Според најавите на организаторот, на СП треба да присуствува и претседателот на Руската Федерација, Владмир Путин.

Да потсетиме дека Славчо Тодоров (-90 кг) се пласира на седмото место на Светското првенство во самбо комбат во Казабланка, Мароко, што беше најдобар пласаман нa светските првенства во самбо на еден наш натпреварувач.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО