Мек Грегор и Пориер би можеле да се борат за шампионскиот појас? Хабиб е човек од збор

Хабиб Нурмагомедов го победи Џастин Гејџи пред два месеца и ја одбрани титулата во лесна категорија на УФЦ.

Непоразениот дагестански борец (29-0) објави крај на кариерата по триумфот и беше одлучен во досегашната одлука.

Шефот на УФЦ, Дана Вајт, во јануари има средба со Хабиб на „Борбениот остров“ каде што со сигурност ќе се обиде да го убеди да се врати во октагонот.

Доколку не се случи тоа, лесната категорија ќе остане без шампион, а потоа веројатно мечот меѓу Конор Мек Грегор и Дастин Пориер може да прерасне во борба за титулата.

Реваншот меѓу Мек Грегор и Пориер е најавен за 23 јануари на УФЦ 257 на Борбениот остров.

„Хабиб е човек со збор. Кога изјави дека се пензионира, тогаш мислеше така. Имам чувство дека јас и Конор може да се бориме за појасот“, рече Дастин Пориер и додаде:

„Конор е поранешен шампион, а јас сум поранешен привремен шампион кој сака повторно златен појас околу половината. Нашите последни порази дојдоа во борба со актуелниот, но пензиониран шампион. Но, не сакам да се замарам со такви работи, затоа што во јануари се борам со еден од најдобрите борци во светот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО