Мек Грегор и Чендлер повеќе не се сакаат, атмосферата се вжештува

Двајцата тренери во ТУФ и идните противници – Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер повеќе не се сакаат. Вака им порача на американските новинари самиот Дана Вајт. Тој објасни дека дошло до ситуација по која двајцата спортисти повеќе не се гледале со сочувство.

„Работите почнаа да ескалираат. Ќе видите во емисијата. Работите што се случија не требаше да се случат“, коментира искусниот претседател на УФЦ, кој низ годините видел многу метаморфози во односите меѓу борците.

Чендлер и Мек Грегор ги загубија последните мечеви од Дастин Пориер и се очекува наскоро да добијат датум и место за една од најочекуваните борби во годината.

„Да имаше датум за борба, ќе го слушневте. Ќе го објавиме кога ќе имаме извесност“, изјави Вајт.

Мек Грегор веќе го навести насилниот темперамент откако се појави видео за кое многумина се сомневаа дека Ирецот го снимил додека бил во алкохолизирана состојба. Првата серија од боречкото реално шоу, кое моментално го снима најголемиот ММА синџир, се очекува на крајот на мај. Тогаш дефинитивно ќе стане познато што се случило во куќата на борците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО