Мек Грегор го провоцира Мејведер: Курвиниот син се пензионираше, во уште една борба сигурно ќе го победам!

Конор Мек Грегор чесно си го призна поразот од Флојд Мејведер по нивната борба минатиот месец, но верува дека таа борба била доволна за тој да собере искуство и да слави доколку имаат втора борба.

Мејведер со победата стигна до биланс од 50-0 и потврди дека тоа е неговиот последен меч и дека не постојат шанси тој да се врати од пензија, но оваа одлука не му се допадна на неговиот противник.

„Она што ми пречи и што ме мачи, е што тој мал курвин син се пензионираше. Кога би имале уште една борба сигурен сум дека би победил. Почуствував дека мораше да го менува целосниот пристап кон борбата. На почетокот на борбата не го разбираше она што го правев. Со искуството кое го собрав од нашата борба сигурен сум дека можам да победам. Но, тој има 50-0 и го одработи своето, немам намера да го предизвикувам“, изјави Мек Грегор.

Сепак, кај Мек Грегор постои надеж дека Мејведер сам ќе почуствува потреба уште еднаш да се врати во рингот и да се одлучи можеби и за ММА борба.

„Јас ќе продолжам да ја одработувам својата задача и да се борам, можеби Мејведер ќе почустуваа потреба уште еднаш да се најдеме во рингот, можеби би посакал да се бориме и во ММА“, заврши Конор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON