Мек Грегор е волк кој не пасе со овците

Конор Мек Грегор објави интересни фотографии на социјалните мрежи и се опиша себеси како волк. ММА ѕвездата носи јакна која има качулка слична на глава на волк. Оваа плишана волчја глава на јакната на Мек Грегор му донесе многу потсмев на социјалните мрежи.

На повеќе од 300.000 луѓе им се допаднаа фотографиите, кои дефинитивно обезбедуваат материјал за хејтерите. Сепак, Мек Грегор е волк кој нема да пасе со овци. „Озлогласениот“ речиси се опорави од тешката повреда што ја доби во средината на 2021 година.

Конор тогаш ја скрши ногата во третата битка со Дастин Пориер. Тој очекува да спарингува со полна брзина во април, а веројатно ќе видиме враќање кон средината на годината.

„Не очекувајте волк да пасе со овците“, напиша Мек Грегор на фотографијата со волк јакната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО