Шампионот на УФЦ во перо категоријата, Конор Мек Грегор, е целосно опоравен од траумите кои ги доби Ирецот во гладијаторската битка со Нејт Дијаз на УФЦ 202.
Тогаш „Ноториус“ забележа победа со судиска одлука, но го напушти октагонот со сериозни проблеми на едната нога.
Еден од тренерите на Мек Грегор, Овен Роди, сепак откри дека Конор веќе е сто отсто подготвен и сите проблеми се минато.
„Немаше сериозен проблем со ногата. Мислам дека му беше отворена мала фрактура, која датира од претходно, но не беше нешто сериозно. Прстот не му не беше во добра состојба по дуелот, но по само неколку дена повторно тренираше и се движеше слободно. Нема проблеми, Конор е сто проценти фит. Тој веќе беше така неколку дена по натпреварот“.