Мек Грегор: Додека не дојде некој да ми го земе појасите јас се уште сум двократен светски шампион (ВИДЕО)

mek-gregor-so-dvata-pojasi-sedi

Иако Конор Мек Грегор никогаш не ја загубил титулата во перо категорија во кафезот, неговиот излет во лесната категорија беше причината да му се одземе едната титула. Но, според Мек Грегор, тој сеуште е цар во перо категорија, додека некој не го победи.

 „Од УФЦ се обидоа да ми ја земат титулата, но не ја зедоа. Се уште е кај мене – дома ми е. Се уште сум шампион во две категории и ако некој сака, мора да дојде и да ми го одземе појасот. Чета статии , слушам разни нешта он-лајн, но појасот е кај мене. Тој е точно до мене, имам две титули во својата куќа.

Еди Алварез се уште е во несвест. Се борев минатата недела. Појасите се мои. Можат да зборуваат што ќе посакаат, но ќе си делат лажни појаси. Хозе беше нокаутиран, Еди беше нокаутиран, наспроти вас стои шампион во две категории. Ми се допаѓа УФЦ како компанија, но никого не може да го излажат со тоа.

Им посакувам успех. Титулите се уште се кај мене. Некој треба да дојде и физички да ги земе. Не на интернет, не преку тастатура“.

Додаде и сега кога ја доби боксерската лиценца дека Флојд Мејведер е готов:

https://youtu.be/eAlWXeJv02k

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON