Мек Грегор до Хабиб: Почит и сочувство

Поранешниот двоен шампион на УФЦ, Конор Мек Грегор му честиташе на непријателот Хабиб Нурмагомедов.

Пред малку „Орелот“ успеа да го задуши Џастин Гејџи и веднаш потоа објави дека се повлекува од ММА со скор 29-0. Ова беше трета последователна одбрана на титулата од Хабиб, кој пред две години за прв пат го одбрани златото со завршница над Конор Мек Грегор.

Нивната битка стана најголема во историјата на УФЦ и продаде 2.400.000 платени прегледи. Конор се надеваше на реванш, но сега Хабиб е надвор и на социјалните мрежи Мек Грегор изјави дека ја презема иницијативата за категоријата.

„Добра изведба на Хабиб Нурмагомедов. Јас ќе продолжам. Уште еднаш, почит и сочувство за загубата на вашиот татко. На тебес и на семејството. Со почит, Мек Грегор“, напиша Мек Грегор.

https://www.instagram.com/p/CGvdMZ_pfQK/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО