Конор Мек Грегор реши да му одговори на Хабиб Нурмагомедов.
Ирската ѕвезда го критикуваше „Орелот“ кој во едно неодамнешно видео изјави дека Ирска навистина нема голема ММА сцена, ниту пак големи ѕвезди. Хабиб изјави дека Ирска ги има само Мек Грегор и Пол Хјуз од Белатор.
Како одговор, Мек Грегор не само што проговори за Нурмагомедов, туку ја кажа и својата проценка за Куќата на славните на УФЦ и боречкиот стил на неговиот тим. Мек Грегор секако не беше среќен кога слушаше како борците на неговата земја ги поткопува неговиот голем непријател.
Затоа тргна во напад, тврдејќи дека дека дагестанските борци им недостига каква било „креативност“ во кафезот, истакнувајќи ја нивната безмилосна употреба само на борење за време на борбите. Конор го предупреди Хабиб да не зборува за него бидејќи е одличен, а не губитник како него.
„Никогаш не кажувај го моето име. Не си на мое ниво. Ние не сме исти. Јас претставувам величина. Вие го заслужувате токму она што го имате, а тоа не е ништо. Предавници и губитници. Мозоци од грашок во кафез. Стил – 0. Креативност – срање. Вештини – прдеж. Срамна работа. Ве нарекуваме жолти заби“, напиша Мек Грегор во сега избришаните објави.
Се чини дека расправијата меѓу Дагестан и Ирска никогаш нема да заврши.
View this post on Instagram