Мек Грегор: Бразилското џиу џицу не е создадено за да повредува, туку да убива!

Конор Мек Грегор има кафеав појас во бразилско џиу џицус, макар и неговата борба на партер отстапува од онаа во стој. Во моментов работи на џиу џицу вештини со светскиот шампион на кафеавите појаси Дилан Данис, кој до неодамна беше и штитеник на еден од учителите со највисоки знаења во овој спорт – Марсело Гарсија. Повеќекратните светски шампиони на црните појаси – браќата Мијао, исто така, учествуваат во развојот на граплинг вештините на ирската суперѕвезда.

Во неодамнешниот пост на Инстаграм,тој го сподели следново:

„Успеав да ја заклучам раката, како што гледате на сликата, таа предизвикува помалку вдишување на воздух. На овој начин неговата крв се уште стигнува до мозокот и тој може да дише. Тоа е доволно е да преминам на целосна странична контрола, за да стиснам една од двете каротидни артерии, да му ја смачкам трахеата и да го сопрм дотокот на кислород до мозокот. Џиу џиицу не е создадена за да повредува, туку е создадено за да убива. Тоа е една откачена борба. И вие ми плаќаате милиони за јас да ја правам“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON