Ирскиот ММА борец и поранешен шампион на УФЦ во две тежински категории Конор Мек Грегор изјави дека неговата борба со Мајкл Чендлер ќе се одржи во полусредна категорија.
„170 фунти. Мојата следна борба ќе биде во полусредна категорија. Ќе се борам за титулата? би сакал да. Ќе присуствувам на УФЦ 286. Би било убаво да го гледам во живо, да ја гледам борбата за титулата во полусредна категорија“, рече Мек Грегор на The MMA Hour.
Како дел од главниот настан на УФЦ 286, актуелниот шампион во полусредна категорија Леон Едвардс и Камару Усман ќе имаат реванш.
Конор последен пат зачекори во октагонот во јули 2021 година и загуби со TKO од Дастин Пориер. Сега Ирецот заедно со Мајкл Чендлер ја снимаат следната сезона на шоуто The Ultimate Fighter, каде и двајцата борци се во улога на тренери. На крајот од сезоната на шоуто тие ќе се борат меѓу себе.