Мејведер: Време е да си купам НБА клуб!

Имав одличен состанок со Меџик Џонсон и сметам дека е време да купам НБА тим. Доколку сте подготвени да го продадете вашиот тим, ве молам да стапете во контакт со мене, изјави Мејведер

Американскиот боксер, Флојд Мејведер, е голем фан на кошарката, а неговото присуство честопати може да се забележи на натпреварите на Бостон, како навива за својот пријател, Ајзеа Томас.

Пред неколку дена Американецот се пофали дека заработил голема сума на пари во спортските обложувалници, и тоа токму на Томас, кој постигна 53 поени, односно над предвидената граница.

https://www.instagram.com/p/BTrNz_YAmBP/

Мејведер вчера се сретна и со легендарниот НБА кошаркар, Меџик Џонсон, кој сега е претседател на кошаркарските таленти во Лос Анџелес Лејкерс.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО