Мејведер во придружбата го покани најголемиот „душман“ на Мек Грегор

До долго очекуванaтa супер средба меѓу поранешниот светски шампион во бокс во полусредна категорија Флојд Мејведер и ММА кралот на УФЦ Конор Мек Грегор останува уште еден месец. Провокациите пред дуелот за 100 милиони долари во „Т-Мобиле арена“ во Лас Вегас, се во полн замав, а последната од нив е поврзана со луѓето кои ќе предводат Флојд на неговиот пат кон рингот.

Член на тимот на Мејведер потврдил за ТМЗ спорт дека од неговиот штаб прават напори да ја привлечат фајтер ѕвездата Нејт Дијаз во своебразен манир да биде во придружбата во арената.

Дијаз и Мек Мрегор се стари познаници и имаат два меча меѓу себе, а во првиот од нив на турнирот на УФЦ 196 Дијаз беше победникот. На 16 март 2016 година калифорниецот победува по откажуавњето на Ирецот во втората рунда.

Сепак, Конор Мек Грегор во реванш на УФЦ 202 во август истата година победи со едногласна судиска одлука. Се чека одговорот на 32-годишниот Дијаз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON