Мејведер: Се забавував и само три недели тренирав за Конор

Поранешниот боксерски шампион Флојд Мејведер излезе со интересна изјава во медиумите поврзана со т.н „борба на векот“ против Конор Мек Грегор во која тој излезе како победник.

Како што одминува времето од борбата која се одржа на 26 август во Лас Вегас, така Мејведер дава се поголемо значење на својата победа против УФЦ шампионот.

„Тој има кариера, знаете што сакам да кажам. Млад е, боксот може да биде многу опасен. Морате да мислите на борците, на нивното здравје. Едноставно, не знаете во која насока ќе отиде борбата. Оштетувањето на мозокот е нешто реално и навистина се случува. Доколку го нокаутирав во првата рунда луѓето повторно ќе зборуваа, што и да направев тие секако ќе зборуваат“.

„Уште еднаш ќе повторам, тие му аплаудираа на Конор не на мене. Никој не ми честиташе. Јас сум тој кој има 40 години, кој беше во пензија две години. Тој има 28 години и е активен. Јас сум во пензија, повисок е и поголем, можеби не е посилен, но има подолг распон на рацете. Младоста беше на негова страна, само сакам да кажам дека на хартија тој требаше да победи. А јас…Јас бев целосно надвор од форма, тренирав само три недели, покрај тоа, секоја ноќ се забавував“, заврши Мејведер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО