Мејведер се поигра со Мек Грегор (ФОТО/ВИДЕО)

Флојд Мејведер (50-0, 27 КО) му одржа бокс предавање на Конор Мек Грегор (0-1). 40-годишниот Американец во Лас Вегас со леснотија дојде до победа со прекин во 10-тата рунда.

Во првата рунда немаше многу акции. Од самиот почеток Мек Грегор го притисна Американецот на јажињата. Ирецот успеа да пласира добар аперкат, додека Мејведер неколку пати го нападна телото на противникот.

Втората рунда исто така помина во лесно темпо, но Мејведер почнува да погаѓа со десниот директ во главата и телото.

Во третата рунда ирскиот левак три пати беше опоменет поради хамерфист ударот. Мани се уште полека работи на телото на шампионот на УФЦ.

На почетокот на четвртата Мек Грегор агресивно го притиска Мејведер покрај јажињата, но набрзо станува очигледно дека забавува, а Мејведер почна почесто да се погаѓа.

Во петата веќе немаше знаци од агресивноста на Ирецот, но Флојд понатраму е внимателен и работи систематски.

Мејведер малку го подига темпото во шестата рунда и погодува со речиси секој упатен удар. До крајот на рундата шампион на УФЦ успеа да воспостави рамнотежа. Мек Грегор често во текот на борбата беше опоменуван за прекршоци како што се држење и доаѓаат од зад грб, но ниту еден прекршок не беше премногу сериозен.

Во последната третина од седмата рунда Мејведер го погоди УФЦ шампионот со десетина чисти удари.

Мек Грегор во осмата имаше неколку блесоци, но и оваа рунда отиде на страната на боксерската легенда.

Ирецот деветата ја отвори со низок удар, а ја заврши со најголем број на примени удари. Мек Грегор постојано го фаќаше противникот и се спасуваше од нокдаун.

https://www.instagram.com/p/BYSReSxDwEY/

https://www.instagram.com/p/BYSO9y1j_Oz/

Мејведер направи серија неодговорни удари во 10. Рунда и го присили судијата да ја прекине борбата.

Ова му е прва победа со прекин од септември 2011 година.

Мејведер го собори рекордот со 50-тата победа на Роки на Марчијано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО