Пензионираниот боксерски шампион на светот и најбогат спортист на планетата, Флојд Мејведер Јуниор, ужива во пензионирањето. Во вторникот, на социјалните мрежи објави видео од една приватна домашна забава кое предизвика голем интерес, иако, всушност, тоа не е ништо ново кога станува збор за овој шарлатан.
Познат по потурањето на своето богатство под носот целиот свет, расипништвото кое сака да се документира и да го покаже на што поголем број на луѓе. Овој пат, мора да се признае, Мејведер отиде еден чекор понатаму.
Во кратко видео, кое, очигледно, е снимано во неговиот дом, всушнотс се појавува тој заедно со осум (полу) голи девојки кои ги тресат своите задници додека Мејведер фрла пари во камерата.
Коментарот е краток, но јасен:
„Ова е само една нормалнао домашна забава во пет часот попладне“.
Интересно …
https://youtu.be/dm-pZ9I8WNs