Флојд Мејведер уште еднаш потврди дека нема намера да се врати во рингот, но има и други интересни планови. Американската легенда ја заврши кариерата со 50 победи на 50 професионални мечеви. Последниот пораз му е во амтерска конкуренција од Бугаринот Серафим Тодоров во полуфиналето на Олимпијадата во Атланта во 1996 година.
Мејведер има намера да започне нов потфат. Ќе основа синџир на мешани боречки вештини.
„Дадовме импулс на ММА“, рече Мејведер, чиј последен меч беше против Конор Мек Грегор во боксот. „За мене, боксот секогаш ќе биде на прво место“.
Самиот Мејведер дури и направил тренинг во кафез пред неколку месеци и посочи дека може да се обиде во ММА меч.