Мејведер откри колку пари ќе стави во џебот за мечот со Насукава

Уште некој час остана до настапот на славниот Флојд Мејведер на Ризин 14. Американецот попладне ќе го одработи егзибицискиот меч против Теншин Нсуакава на завршниот настан на Ризин во 2018 година, а воедно во главната борба на вечерта.

Потсетуваме дека мечот за кој многу се пишуваше последниве недели ќе се одржи во три рунди по три минути. Правилата се претходно објавени, но Мејведер е неодамна открие и колку тоа ќе заработи за ова, како што го нарекува, „спаринг од 9 минути“.

„Што би ми рекле вие да ви кажам како ќе заработам 9 милиони долари за спаринг од 9 минути во Токио? Дали исто така ќе го направите и Вие? Јас то аго викам 9 минути прошетка“, напиша на својот Инстаграм Мејведер, откривајќи така и колку, всушност, ќе заработи од средбата со Насукава.

Во мечот Наскувава ќе носи ракавици од 8-унци и Мејведер 2 унци поголеми. Доколку нема прекин во рок од 9 минути на борбата, судиите нема да прогласуваат победнник. И, конечно, треба да се спомене дека овој меч нема да смета како официјален, но дури и во случај на пораз Мејведер нема да ја изгуби својот совршен „скор“.

https://www.instagram.com/p/BsCGeCJBpx4/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО