Мејведер објави дека се враќа во рингот за реванш со Мани Пакијао

Американскиот боксер Флојд Мејведер потврди дека ќе се врати во рингот само за да ги вкрсти ракаваците со стариот ривал Мани Пакијао.

Мејведер и Пакијао првпат се сретнаа во 2015 година, Американецот победи со одлука на судиите, а сега реши да му овозожи реванш на 39-годишниот боксер од Филипините.

Последна борба на Мејведер беше таа против Конор Мекгрегор во август 2017 година, по што се повлече со скор 50:0 во својата професионална кариера.

„Се враќам за да боксувам против Мани Пакијао оваа година. Уште една заработена сума со девет цифри е на пат“, се пофали Мејведер на фановите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО