Флојд Мејведер, поранешниот непоразен светски шампион и веројатно најбогатиот боксер во историјата, најави егзибициски меч против Конор Мек Грегор, ММА борец во текот на 2023 година.
Двата асови веќе се соочија во 2017 година и тогаш во боксерски меч Мејведер лесно го совлада Мек Грегор.
„Викендов ќе имам борба против Микуру Асакура. Во ноември е закажана егзибиција во Дубаи и очекувам потврда за меч со Конор Мек Грегор во 2023 година“, изјави Мејведер.
Деталите се уште не се договорени, но се очекува да бидат во блиска иднина.
„Не знам дали тоа ќе биде вистинска борба или егзибициски меч. И двете опции се на маса, но повеќе би сакал да биде егзибиција. Не би сакал да дојдам во ситуација да морам посериозно да го повредам“, изјави Мејведер.