Дури 50 милиони долари слетаа на масата на Конор Мек Грегор како понуда за мечот против најдобриот боксер на денешницата, Флојд Мејведер Јуниор. Сепак, ова за Ирецот не е доволно!!!
Американски портали откриваат дека Американецот е заинтересиран за двобојот на Нова година, а причината е огромната сума на пари што ќе ја донесе таквиот дуел. Имено, експертите предвидуваат дека евентуалниот бокс меч на славниот двоец ќе донесе чист профит до половина милијарда долари. И одлучил да му понуди на Ирец 50 милиони длари, како негов удел во заработката без оглед на исходот.
Сепак, истите извори тврдат дека тоа е далеку од она што Ирецот, кој патем речено е многу тежок преговарач, би се задоволил, бидејќи ниту приближно не се работи за половина од вкупната заработувачка. Мек Грегор смета дека тој е всушност поголема ѕвезда на Мејведер на европскиот, австралискиот и канадскиот пазар, па приходите треба да се преполоват на два дела. Покрај тоа, последниот настап на Мејведер продаде мизерни број ППВ, што е уште еден аргумент на страната на Мек Грегор.
Извори блиски Мејведер тврдат дека боксерскиот шампион се уште не разговарал со Дана Вајт, кој неодамна му порача дека вусшност тој е личноста со која треба зборува за такви работи, бидејќи Мек Грегор е под договор со УФЦ. Исто така, не е познато дали разговорот Мек Грегор – УФЦ, што се случи во вчера, станало збор и за овој меч.