Се чини дека Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер Јуниор конечно направија голем исчекор напред во договарањето на борбата за која на големо се пишува последнатата година.
Веста ја пренесоа бројни водечки боречки портали повикувајќи се на информациите кои ги обезбеди „Ајриш сан“ од извори блиски до Стрејт бласт џим, а спрема нив финансиските услови за овој мега спектакл конечно се договорени.
„Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер се договорија за борбата и надоместоците што ќе им припаднат по неа. Договорот се уште не е официјално потпишан поради застојот што предизвикува трета страна, но сите детали се договорени. Борбата би можела да биде најавена во рок од две недели“, зборовите се на изворот што ги пренесуваат ирскиот медиум.
Третата страна која во оваа приказна го прави застојот е УФЦ, но според претходните пишувања може да се заклучи дека „Ноториус“, во случај на блокада од страна на водечките промоција ММА, ќе се повикаат „Актот на Али“ кој би можел да му помогне да се избегнат проблемите што му ги создава договорот со УФЦ.