Федор објасни зошто го избрал Белатор, а не УФЦ

Не е тајна дека најголем сон на Дана Вајт отсекогаш бил да потпише договор со легендарниот Федор Емилијаненко.

Пред неколку месеци имаше гласини дека конечно може да се случи тоа, но на крајот Русинот не потпиша со УФЦ, туку со конкурентот Белатор.

Говорејќи со Ариел Хелвани, Федор објасни дека неговите добри односи со шефот на Белатор, Скот Кокер, влијаеле на неговоата одлука, како и фактот дека Белатор ги привлече и останатите луѓе од неговиот тим.

„Имаме одлични односи со Скот Кокер. Добив многу добра понуда од Белатор. Покрај тоа, го поканија и целиот мој тим. Сите момчиња ќе имаат шанса за докажување“.

40-годишниот Емилијаненко ќе го има првиот меч за Белатор оваа сабота, ќе се сретне со Мет Митрион во Сан Хозе. Федор призна дека минатата година навистина бил блиску до договор со УФЦ.

„Имаше некои работи во преговорите кои не го задоволија УФЦ, а имаше други кои не беа задоволувачки за мене. И, така не стигнавме до договор. Не постигнавме согласност за финансиските услови, како и други, помали прашања“.

Федор појасни дека неговиот договор со Белатор е за две средби, но има опција и за трета. Потврди дека планира да ја заврши кариерата токму во Белатор.

Во последниот меч Русинот не се претстави во најдобро светло против Фабио Малдонадо, но се довери дека ниту за момент не помислил по овој меч да ја прекине кариерата.

„Ниту за момент не помислив на тоа. Разбирам дека не ми преостанува многу време, имајќи ја во предвид возраста, но не – не сум сметав дека по мојата последна борба треба да ставам крај на кариерата. Не размислував така“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО