Мејведер: Мечот со Мек Грегор ќе се одржи во септември

Флојд Мејведер навести дека средбата со Конор Мек Грегор ќе биде во септември. Подолго време овој месец лебди во јавноста. Во последните недели се појавија сомнежи дека средбата ќе биде поместена за октомври или за ноември. Причината е закажувањето на дерби мечот меѓу Сол Алварез – Канело и Генади Головкин во септември.

„Веќе еднаш му го дадов мојот датум на Канело. Септември и мај секогаш биле моите месеци“.

Менаџерот на американскиот боксер, Леонард Елерби, додаде дека во однос на датумот за мечот со Конор нема никакви сомневања.

„И посакуваме се најдобро на Канело и Головкин. Тие се одлични боксери, но Флојд Мејведер е од друга планета“, објасни Елерби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON