Мејведер: Конор Мек Грегор е популарен поради расизмот!

floyd-mayweather-jr-v-marcos-maidana-1

Флојд Мејведер во минатото во неколку наврати изјави дека верува оти во боксот се уште преовладува расизамот.

Во интервју за FightHype на крајот на годината, изјави дека Генадиј Головкин не трпи притисок да ја качи килажата и да се бори со Андре Вард, затоа што луѓето во боксот сакаат „суперѕвездата“ да биде бела.

Тој вели дека тоа е сосема спротивна ситуација од онаа кога тој беше ставен под невиден притисок да се бори со филипинската икона, Мани Пакијао. Тој додаде дека Андре Вард се присилува да оди во полутешка категорија за да изгуби.

„Би требало вака да гледаме на работите, кога Бернард Хопкинс беше среднист и се обидуваше да се бори со Оскар де ла Хоја, Шејн Мозли и Феликс Тринидад медиумите тврдеа дека прозива помали момци. Кога тоа го прави нивниот тип ГГГ, не велат ништо. Јас не сум расист, само тврдам дека расизмот се уште постои“.

„Мислам дека сакаат Андре Вард да загуби? Апсолутно? Андре ако го читаш овој напис, да сум јас ти, не би се подигал на 79,3 килограми за да се борам со типот Ковал (Сергеј Ковалев), ако тоа му е името, бидејќи навистина не знам како се вика. Знам дека тој е полутешкаш, а Андре Вард е боксер во категоријата до 76,2 килограми и мислам дека треба да продолжи да доминира во таа категорија. Сите постојано зборуваат за Трипл-Г, па почнав да го забележувам минатата година. Ако тој тип Трипл Г е така жесток и цврст, знаете, по она што го велат тие, треба да ја дигне килажата и да се бори со Андре Вард“.

Потоа Мејведер се осврна и на ММА и новата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор. Американецот тврди дека фактот што вербални испади на Ирецот се доживуваат позитивно е доказ дека постои пристрасност, како во спортот, така и во општеството.

„Всушност, не знам кој е тој Мек Грегор, никогаш не сум видел негова борба. Го слушнав неговото име од едно момче што работи за нас во салата. А детето се вика Кен Хопкинс, тој обавува многу од наши тековни работи. Што и да треба, Што и да ни треба, тој го прави тоа. Момчеото е кул. Ми се допаѓа, а тој се занимава со ММА. Тој ми кажа за тој Мек Грегор. Вели дека ги навредува сите наоколу и дека луѓето за тоа го слават, но кога јас го правев тоа, рекоа дека сум арогантен. Тоа е така пристрасно! Се што сакам да кажам е дека воопшто не сум расист, но расизмот се уште постои“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО