Мејведер му дава шанса за реванш на Пакијао! (ВИДЕО)

M

Флојд Мејведер ќе ја задоволи желбата на Мани Пакијао и ќе му овозможи реванш. Така, Филипинецот ќе добие втора шанса, откако минатиот викенд загуби од американската ѕвезда со судиска одлука во една од најпознатите и најпомпезните боксерски средби во изминатите 20 години.

Вестта за втор дуел беше распространета од Стивен Смит, кој работи за ESPN. Тој соопшти дека добил порака од Флојд во вторникот наутро. Зборовите на шампионот биле дека догодина ќе му пружи реванш меч на Пакијао.

По победата пред неколку дена, Мејведер ја продолжува серијата на победи без пораз – 48 победи од 48 натпревари. Пакијао има 57 победи, 6 порази и две нерешени средби.

https://youtu.be/2UdcHAfZ-y8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО