Мејведер: Канело би го нокаутирал Головкин, Ворд не го победи Ковалев

mayweather canelo

Пензионираниот светски шампион во пет тежински категории, Флојд Мејведер, се уште е во фокусот на боксерските настани.

Покрај активностите поврзани со промоција на неговите боксери, „Мани“ ги забавува бокс и ММА фановите со постојаните приказни за борба со Конор Мек Грегор.

Во текот на разговор во живо на Фејсбук на ЕСПН, Мејведер се осврна и на борбата Андреа Вард и Сергеј Ковалев, како и на ситуацијата околу Канело и Головкин.

39-годишниот Американец го победи Канело во 2013 година и му ги зеде ВБА и ВБЦ појаси за светски шампион во средна категорија. Мексиканецот тогаш имаше само 23 години, а Мејведер верува ако дојде до негова борба со Головкин дека ќе го нокаутира Казахстанцот. Разговорите за борбата Алварез и ГГГ и понатаму течат и има се планови таа да се одржи во септември за време на прославата на Денот на независноста на Мексико. Повеќето боксерски навивачи веруваат дека Канело го избегнува казахстанскиот нокаутер.

„Канело не го избегнува Трипл Г. Канело ќе го победи ГГГ“, рече Мејведер.

„Ако не се лажам, Трипл Г е истиот човек кој неодамна беше надбоксуван велтерашот (Кел Брук). Го познавам боксот. Никој во светот не знае бокс подобро од мене. Канело ќе го нокаутира ГГГ. Трипл Г G ќе има полни раце работа со Даниел Џејкобс. Џејкобс знае да се бори. Но поентата е во ова: Џејкобс знае да удира, но мора да може и да прими удар. Се се сведува на тоа кој на кого прв…“.

Ккао иднина мега борба Мејведер гледа на пресметката на Сол Алварез и непоразениот Ерол Спенс кој е задолжитечен предизвикувач на шампионот на ИБФ, Кел Брук.

„Канело на крајот ќе се бори со Ерол Спенс во голема, голема борба“.

За Мејведер Роман Гонзалес и понатаму е најдобар боксер на светот, а се смета дека Андре Ворд не заслужува тоа место, бидејќи не требаше да го победи Ковалев.

„Андре Ворд ми е драг, но ајде да ги кажеме работите со вистинското име. Ворд не победи. Чоколито мора да биде број 1. Се уште не изгубил и тој е пеколен борец“.

„Андре Вард навистина ми е драг, но ако мисли повторно да се бори со Ковалев мора да направи некои големи промени. Мора да донесе тренер кој бил во критични ситуации“.

Вард целата професионална кариера ја работи со Вергилиј Хантер кој ги тренира и Андреа Берт и Амир Кан. Хантер и Џејкобс го донесе во својот камп за да му помогне во подготовките за борбата со Головкин.

Ако Вард планира по втор пат да се бори со Ковалев, Мејведер го советува да се ослободи од Хантер.

„Вергилиј Хантер не е добар тренер. Тоа е само моето искрено мислење. Вергилиј Хантер е кул дечко. Тој е добар човек, но тој никогаш не се борел, тоа значи дека никогаш не бил во таква ситуација. Како некој може да зборува за клучните моменти од борбата, ако никогаш не бил во критичен монет“/.

„Јас во својот агол скам тренер кој веќе тоа го искусил и почувствувал контакт и знае како е да се биде во борба. Не е важно дали тоа била аматерска борба. Мора да имате некакво искуство во боксот. Може Вергилиј Хантер да биде во мојот агол? Апсолутно не. Но, мислам ли дека тој е кул момче? Апсолутно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО