Мејведер: Иако ММА и боксот се различни спортови, Мејведер е најголемото име во ММА

mejveder-so-tramp

Флојд Мејведер Јуниор е еден од првите луѓе што  се сретна со Доналд Трамп по неговиот избор за претседател на САД.

„Мани“ беше во Њујорк каде што го промовираше следниот настан на својата компанија на 14 јануари во Бруклин ќе биде натпревар за обединување на титулите во супер средна категорија помеѓу неговиот боксер Баду Џек и Џејмс де Галеа.

Во таа прилика 39-годишниот Американец рече дека е повеќе од уморен да разговара за бокс меч со Конор Мек Грегор бидејќи до него никогаш нема да дојде.

Како и во случајот на Ронда Русеј, кога на лековерните и се продаде приказната дека таа ќе го победи Мејведер, по нејзиниот пад, УФЦ ја насочи својата втора ѕвезда спрема долгогодишниот најдобар боксер во светот.

Ирецот во новиот саморекламирачки потег рече дека бара 100 милиони долари за бокс меч со Мејведер.

„Тие приказни се тотална лага. Ако не сте ја слушнале од мојата уста, тогаш тоа е лага. Уште еднаш, иако се ММА и бокс различни спортови, Флојд Мејведер е најголемото име во ММА. Флојд Мејведер е едно од најголемите имиња во бокс, а јас дури веќе и не се борам“.

„Јас сум борец. Се борев силно. Јас ги уривав рекордите и продолжив со својата кариера. Но, постојат луѓе кои постојано го користат моето прзиме, кои сакаат да се офаајдат од мојот успех. Мислам дека борците и луѓето кои се натпреваруваат во борбите требало да се направат подлога и да се создадат свое име“.

Мејведер се повлече од боксот пред повеќе од една година како шампион на ВБА и ВБЦ во велтер категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО