Мејведер и Пакијао пред договор: Познати градот и месецот за митскиот меч!?

Manny Pacquiao-crop

Според познати американски медиуми, кои, наводно, имаат инсајдерски информации, преговорите меѓу двајцата најголеми боксери Флојд Мејведер Јуниор и Мани Пакијао – напредуваат во позитивна насока. Очигледно, тоа ќе трае само седум до десет дена, за да се заврши приказната за потпишување на конечниот договор.

 Според истиот извор, во овој момент двете страни се договориле за локацијата каде што ќе одржи овој митски меч, како и тоа кога ќе бидат направени допинг тестови, кои во минатото беа голема тежина за одржување на оваа боксерска средба. Изворот тврди дека боксерскиот спектакл ќе се одржи во МГМ Гранд арената во Лас Вегас.

Се уште се спорни преговорите за датумот, како и тоа како ќе бидат поделени заработени пари. Тимот на Пакијао, наводно, бара сооднос 60-40 од поделбата на „пленот“, што страната на Мјеведер не исе допаѓа многу, иако критичари се согласуваат дека на праведната поделба би била 70-30 или 65-35 поради полоши резултати на Пак-Ман во последните години, како и големиот пад во продажбата на неговите мечеви на ППВ услугата. Се разбира, овие бројки се во прилог на Мејведер бидејќи сè уште е непоразен и има две титули (ВБА /ВБЦ), а Пакијао само една (ВБО).

Судејќи, спрема тоа како стојат работите сега, мечот истовремено ќе се емитува и на ХБО и на Шоутајм, но се уште нема конкретни договори помеѓу четирите страни и тие се планирани за поскорешен датум. Кога е во прашање датумот, се зборува за мај или јуни, но многу аналитичари веруваат дека тоа е сосема неважно, бидејќи се работи за еден од најголемите бокс мечеви во историјата, без оглед на тоа кога точно ќе се одржи. Сепак, јуни остава поголем рекламен простор и се верува дека токму тој месец најмногу одговара.

Боксерската и спортската јавноста со нетрпение го очекува исходот …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON