Голема победа на УФЦ во Германија: Судот пресуди дека УФЦ содржините се примерни за емитување!

UFCG

Управниот суд во Минхен, Германија донесе одлука во корист на Цуфе (Zuffe) во случајот кој одлучи дека забраната што беше донесен од Агенцијата за медиуми во Баварија во 2010 година, а се забрануваше емитување на УФЦ содржини во германскиот ТВ етер, е валидна.

Судот уште на 9 октомври, како што пишува на официјалната страница на УФЦ, пресудил во корист на УФЦ, односно Цуфе кој ја поднесе тужбата, забраната ја прогласи за нелегална. Дури сега оваа судска одлука стигна во јавноста.

Став судот е дека содржините на УФЦ, воопшто, се примерни за емитување, и дека не може да се најде нарушување на етичките и моралните правила. Ова спротивно на анализата и одлуките на Агенцијата за медиуми во Баварија, која утврди дека се работи за насилна програма со елементи кои во никој случај не се за емитување во ТВ етерот.

До март 2010 година, гледачите во Германија беа во можност да следат настаните на УФЦ и останатите магазини на ДСФ/ Спорт 1 каналите, но тоа потоа стана невозможно. Од 2010 година, УФЦ не се враќаше во оваа европска земја се до минатата година, а сега, кога ситуацијата е поповолна, од УФЦ се надеваат на побрз пробив на германскиот пазар.

 “Ова е огромен чекор за УФЦ и за многу фанови на УФЦ во Германија. Имавме одговорност спрема фановите, бидејќи знаевме дека забраната е незаконска. Ние ќе работиме на доведување на нашите настани и ТВ емисии на германскиот пазар“, рече по повод пресудата Гери Кук, човекот одговорен за проширување на УФЦ на нови пазари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО