АктуелноБоксПрофесионален

Мејведер и Пакијао би можеле повторно да се сретнат – овој пат на Нетфликс

Светот на боксот би можел да биде сведок на еден од најголемите враќања во историјата – реваншот меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао, закажан за 2026 година, а овој пат настанот би можел да се емитува ексклузивно на Нетфликс.

Веста ја објави новинарот на списанието „Ринг“, Мајк Копингер, во емисијата „Внатре во рингот“, кој откри дека разговорите за „Мејведер – Пакијао 2“ веќе се во тек меѓу страните.

Нивниот прв судир се случи во мај 2015 година и стана боксерскиот меч со најголема заработка во историјата. Мејведер ја доби таа борба со едногласна одлука по 12 рунди, но многу фанови останаа со чувство дека борбата дошла предоцна во нивните кариери.

Според Копингер, Нетфликс планира да продолжи со стратегијата за хостирање само на најголемите спортски настани – а реваншот меѓу двете легенди е совршен кандидат:

„Слушнав од сигурни извори дека Флојд Мејведер и Мани Пакијао – повеќе од една деценија подоцна – сериозно разговараат за реванш што би можел да се случи следната година на Нетфликс. Мислам дека постои реална можност тоа да се случи“, рече Копингер.

Во меѓувреме, Мејведер веќе е резервиран за егзибициска борба против Мајк Тајсон, закажана за пролетта 2026 година, но не е одреден точен датум. Доколку реваншот со Пакијао се случи, тоа би бил еден од најгледаните спортски настани во следната деценија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON