Мејведер го предизвика Мек Грегор да се обложи на себе, ако е толку сигурен (ВИДЕО)

Не требаше многу време за да се вжештат работите во Торонто за време на втората станица од светската турнеа на Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор. Сега, кога Мек Грегор всушност сфати што се случува за време на прес-конференцијата, тој се задлабочи во Мјеведер со петнаесетминутен проповед.

„Зошто носиш торба со книги на сцената? Ти дури и не можеш да читаш!“, изјави Мек Гргеор.

Кога конечно дојде редот на Мејведер да одговори, тој го предизвика Мек Гргеор да се обложи во пари на борбата штом има толку голема уста.

„И тие зборуваа дека не можам да читам. Кучко, јас правам цифри, заработувам пари! Знаете како ме викаат!”, изјави Мејведер.

„Ти должиш пари”, му врати Мек Гргеор со насмевка, повикувајќи се на најновите вести дека Мејведер и должи на даночните служби во САД 22 милиони долари.

„Ако веруваш во себе, како што самиот велиш дека веруваш, обложи ја сета добивка од оваа битка на себе, кучко!”, возврати Мејведер.

„Никаков проблем. Испрати го договорот!”, одговори без двоумење Мек Гргеор.

За момент, рече Мејведер дека можеби има договор во ранец, но за жал. Ако има било какви дополнителни влогови, направени меѓу Мек Гргеор и Мјеведер, ќе разбереме подоцна … можеби во една од двете наредни станици кои остануваат од светската турнеја на двајцата.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON