Мејведер до Головкин: Поведи го Андре Вард и ќе се борам со тебе

Mejveder i Pakijao se gledaat

Тренерот на Генадиј Головкин, Абел Санчез, пред неколку дена изјави дека Флојд Мејведер Јуниор се повеќе го користи името на неговиот боксер за да си го подготви теренот за враќање.

Дека тука може да има нешто посведочи и денешната изјава на Мејведер. Американецот кој се пензионираше минатиот септември по победата над Андре Берто вели дека е подготвен да се соочи со Головкин, ако тоа го победи Андре Вард. ГГГ често пати за мечот со Мејведер зборуваше како за „борба од сништата” и дека е волен за прилика да се спушти на 70 килограми.

„Како што реков реков и порано, му кажав на трикраниот Г што мора да направи ако сака да се бори со мене. Мора да го предизивика Андре Вард, да го победи и потоа ќе се борам со него. Се уште не сум видел да го предизвика Андре Ворд“, рече „Мани“ за Фајт хип.

Вард, во меѓувреме се подигна во полутешка категорија и овој викенд се бори со Саливен Барера, кој исто така го тренира Абел Санчез.

Минатата година пропаднаа преговорите меѓу Вард и Головкин, бидејќи двете страни не се договрија околу тежината. Додека Казахстанецот беше подготвен да прифати меч со Карл Фроч, Бернард Хопкинс, Џејмс де Галеа и Јулиј Цезар Чавез Јуниор на 76,2 килограми, за меч со непоразениот Вард бараше борба на 74,4 килограми. Американецот се согласуваше само на границата на супер-средна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON