Флојд Мејведер повика да се почитува позитвниот говор во интервјуата пред средбата со Мани Пакијао на 2 мај. Американецот е невообичаено тивок и, изненадувачки, не го напаѓа својот ривал и неговиот штаб. За сметка на тоа, сите луѓе околу Филипинецот се обидуваат да му влезат под кожата на најдобро платениот спортист на планетата.
„Се вложи многу напор да се случи овој меч. Претходно сите велеа дека Флојд е виновен ако овој дуел да не се одржи. Сега сакам да ги повикам – ако не можеш да кажеш нешто убаво, подобр молчи“, – прокоментира Мејведер.
Во меѓувреме, стана јасно дека во понеделник ќе бидат пуштени во продажба околу 700 билети за натпреварот по цена од 1500 долари. Во моментов, сите продажби се запрени поради огромната побарувачка.