Легендата на светскиот бокс, Флојд Мејведер потврди дека има намера да се бори во меч според правилата на ММА. Поранешниот светски шампион во пет различни категории многу е возбуден да се обиде да направи нешто слично.
➡️🔥🥊 #Mayweather: 'If I do come back, it has to be in the Octagon'
What do you think? pic.twitter.com/s5m6GgpcTE
— Real Bookies PPH (@RBPayPerHead) April 8, 2018
„Животот без спорт поминува добро“, рече Флојд и додаде: „Но, како што сите знаат, ја завршувам мојата кариера, а потоа се враќам. Може ли ова да се случи повторно? Да, но ако го направам, тоа ќе биде само во УФЦ. Ако се договорам со Дајна Вајт, ќе видите голема борба. Можам да се сретнам со Конор Мек Грегор и да направам неколку мечеви. Што се однесува до боксот, ќе повторам дека нема да се вратам повторно во рингот“.
.